Свет

Изгаснат пожарот во рафинеријата Славјански, предизвикан од падот на украинскиот дрон

(Видео) Пожар во руска нафтена рафинерија: веројатно причина е напад со дрон

Пожарот што избувна при напад на украински беспилотни летала врз нафтената рафинерија Славјански во Краснодарската територија е целосно изгаснат, соопшти денеска оперативниот штаб во Кубан.

„Пожарот во околината на Рафинеријата за нафта Славјански сега е целосно изгаснат“, се наведува во соопштението што го пренесе Интерфакс. Забележано е дека едно лице починало во моментот на нападот со дрон, а прелиминарната причина за смртта е срцев удар.

„Во самиот пожар нема жртви, а нема закана ниту за населеното место“, соопштија од оперативниот штаб во Кубан. Началникот на Славјанскиот округ Роман Сињаговски соопшти дека работниците од фабриката се евакуирани.

Претходно кубанскиот оперативен штаб објави дека „на 17 март, околу 3 часот по полноќ, неколку беспилотни летала се обиделе да ја нападнат нафтената рафинерија Славјанск“. Во соопштението се наведува дека сите дронови се неутрализирани, но еден соборен дрон предизвикал пожар.

На почеток