Скопје

За седум часа, во Скопје уапсени седум лица – најмногу од нив во Центар и Карпош

Денеска (17.03.2024) во 01.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.03.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.Ч.(39) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.03.2024) во 02.45 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.В.(29) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.03.2024) во 02.20 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(32) од Кавадарци поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.03.2024 во 20.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(37) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.03.2024 во 21.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(44) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.03.2024 во 22.05 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(20) од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

To Top