Свет

Затворени избирачките места во Москва

Москва воведе нови мерки: Ограничено движењето на британските дипломати

Во Москва гласачките места за изборите за претседател на Русија, беа затворени точно во 20:00 часот по локално време.

Според првичните податоци, излезноста во главниот град била околу 66 отсто.

Гласањето траеше три дена, а гласачите можеа да изберат дали ќе гласаат на традиционален начин со хартиени гласачки ливчиња или електронски, користејќи електронски терминали за гласање, пренесува РИА. Агенцијата наведува дека речиси сите избирачки места во руската престолнина биле покриени со видео надзор.

Во Москва се организираше гласање на речиси 4.000 избирачки места. Изборите за претседател на Русија почнаа во петокот, а ќе завршат денеска. За шеф на државата се натпреваруваат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и Владимир Путин.

На почеток