Некатегоризирани

Путин: Можеби ми верувате, можеби не

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Путин објави дека неколку дена пред смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални се согласил да го размени за одредени руски затвореници во странство.

Рускиот претседател, кој според резултатите на Централната изборна комисија победи на претседателските избори. повторно истакна дека некои колеги, кои не се функционери во администрацијата, го известиле дека постои идеја да се замени Навални за некои луѓе кои се во затвор во западните земји, пренесува Интерфакс.

„Можеби ми верувате, можеби не, но личноста што разговараше со мене сè уште не ја завршила реченицата, но јас реков дека се согласувам“, изјави Путин на новинарите на конференцијата за претседателските избори.

Тој истакна дека за тоа има еден услов, а тоа е Навални да не се врати во Русија.

Рускиот претседател, исто така, ја нарече „тажен настан“ смртта на опозиционер, а истовремено напомена дека ова не е изолиран случај на смрт на затвореник, туку дека тоа се случува во затворите ширум светот.

Во синоќешното јавно обраќање Путин исто така рече дека присуството на западните трупи во Украина може да го доведе светот на работ на Трета светска војна, истакнувајќи дека смета дека никој не сака такво сценарио.

Путин во својот изборен штаб рече дека Русија мора да размисли со кого би можела да разговара за постигнување мир во Украина, сугерирајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е можен соговорник во преговорите, пренесе РИА Новости.

Путин посочи дека е очекувана реакцијата на западните земји на изборите во Русија, бидејќи, како што наведе, тие се борат со вооружени средства против Руската Федерација и се обидуваат да го запрат развојот на земјата.

На почеток