Магазин

Индија сака да биде меѓу петте најдобри светски производители на чипови

Кина престана да извезува минерали неопходни за производство на чипови

Индија сака да биде меѓу петте најголеми светски производители на чипови во следните пет години, изјави денеска индискиот министер за електроника, информатичка технологија, железници и комуникации Ашвини Ваишно.

Индустријата за чипови „е многу сложен пазар, а глобалните синџири на вредност и глобалните синџири на снабдување се исклучително комплицирани во сегашниот контекст“, рече Ваишно, според CNBC.

Тој додаде дека Индија се гледа себеси како „доверлив партнер во синџирот на вредност“ за производителите на електронски уреди од секаков вид.

Според компанијата за истражување на пазарот Trendfors за декември 2023 година, Тајван поседува околу 46 отсто од глобалниот капацитет за производство на полупроводници, следен од Кина 26 отсто, Јужна Кореја 12 отсто, САД шест отсто, Јапонија два отсто.

Тензиите меѓу САД и Кина не стивнуваат, а Индија профитира во ситуација кога се повеќе компании сакаат да ја намалат зависноста од Пекинг, заклучува CNBC.

На почеток