(Видео) Настап на српски рапер во струмкички клуб ја „шокираше“ јавноста: публиката ужива кога тој ја соблака патиката


Еден од најпопуларните артисти на Балканот, српскиот рапер Драгомир Деспиќ-Десингерица настапи во струмичкиот клуб „Аватар“, каде дел од присутните уживаа да им симулира како со патика ги удира по глава. Ова е претпознатлив стил на раперот, а на неговите настапи најбројна публика се најмладите. Снимката пак, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, со оглед на музиката со која настапува и чинот на соблекување патика за да удира публика по глава. За многумина, ваквиот чин е шокантен, со оглед дека младите дозволуваат тоа да им го прави.
И ова не е прв „шокантен“ настап на Десингерица. Минатиот декември настапи во скопскиот клуб „Привилиџ“. Од видеата се гледаше дека собрал куп малолетници во публика, кои му се радуваат, рапуваат со него, а наместо со транспарентни, еден од присутните мафта со градник.
Дека популарноста на раперот е голема, без разлика на тоа што го прави – говори фактот што веќе има закажано уште еден настап во Куманово за на 22 март.
