Откако почнаа шпекулациите дека ДУИ спрема нерегуларности: Џафери гi повика обвинителите да постапат по допрен глас ако има елемнти
Од
Објавено на
Техничкиот министер, Талат Џафери, за обвинувањата дека ДУИ нема да ги признае изборите и дека спрема нерегуларности, рече дека Владата нема што да се произнесува бидејќи станува збор за политички изјави.
„Институциите надлежни по допрен глас, доколку има елементи соодветни за постапување, по допрен глас треба да го направат тоа. Тоа се надлежности на судскиот систем. Ние како Влада покрај другите обврски, имаме обврска и за подготовка и спроведување на фер избори. Според Изборниот законик, само ДИК може да го прави тоа. Со надлежноста на Владата ние треба да сме поддршка на процесот во спроведување на тоа што е целта“, рече Џафери.