Свет

Протеран руски дипломат

Молдавија протера руски дипломат поради отворање на избирачки места за руските претседателски избори во молдавскиот отцепен регион Придњестровје.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека протестира поради отворањето на гласачките места во Приднестровје, проруска енклава која се отцепи од Молдавија за време на распадот на Советскиот Сојуз, и покрај неодобрувањето на Кишињев, пренесува Ројтерс.

Рускиот амбасадор во Молдавија, Олег Васнецов, беше поканет во молдавскиот МСП, каде што беше информиран за одлуката на тоа министерство.

Кишињев и дозволи на Москва да отвори само едно избирачко место за претседателските избори, но, според РИА Новости, во Придњестровје било можно да се гласа во шест избирачки места.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, во понеделникот изјави дека молдавската влада подготвува одмазднички мерки против Москва за отворање дополнителни избирачки места во Придњестровје за претседателските избори во Русија.

На почеток