Скопје

172 санкционирани возачи во Скопје

159 санкции за непрописно вградени фолии

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои 14 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток