Скопје

Се испотепале соседи, парнтери, малолетници – кражби и малтретирања вчера низ Скопје

На 25.07.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје, А.Д.(35) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 15.20 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.К., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во 18.05 часот во СВР Скопје, 29 – годишна жена пријавила дека на 21.07.2024 околу 02.00 часот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.И.(22) од скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, А.Б.А.(76) од Скопје пријавил дека на 22.07.2024 околу 19.30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Б.Б.(49) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, двајца малолетници физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Е.Г.(41) од Скопје пријавила дека околу 13.15 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот сосед К.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(19) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Н., кој му се заканувал и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу оставинска постапка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(59) и С.С.(67), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.07.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица фрлиле шишиња со запалива течност и предизвикале пожар на бетонска подлога пред гаражи од станбена зграда. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток