Магазин

Скандал во болницата во која беше оперирана Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон не престанува да биде во центарот на вниманието, иако Палатата на секој начин се обидуваше да ги убеди луѓето дека се е во ред.

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, конечно се појави, но Британците и светот се уште не се сосема сигурни дали ја виделе вистинската принцеза.

Она што дополнително потресе и стана главна тема на претходните денови е скандалот поврзан со болницата во која лежела Кејт по мистериозна операција во пределот на стомакот.

Според странските медиуми, имало нарушување на безбедноста во болницата бидејќи персоналот бил обвинет дека се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја.

Поради ова е покрената истрага.

„Ова е големо нарушување на безбедноста и неверојатна загуба за болницата, со оглед на нејзината беспрекорна репутација за лекување на членовите на кралското семејство. Ќе се спроведе истрага. Целиот медицински персонал е екстремно шокиран и вознемирен од наводите и многу е неочекувано дека доверлив колега наводно може да биде одговорен за такво нарушување на довербата и етиката“, изјави извор за Мирор.

На почеток