Охрид

Објавена илустрација за непотизам во Охрид, се тврди дека се почнува од Зечевиќ па се создавале кластери насекаде

„Единствено што знае СДС е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е типичен пример за тоа. Наместо борба со корупцијата со СДС имаме протекционизам и клиентелизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и додаваат:

„Проектот мрежа за партизација и кронизам се докажува во Охрид каде што главен вработувач е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главна на охридската филијала на СДС е неговата роднина, Кристина Крлеска-Деспотоска.

Нека се одважат од СДС Охрид и да се појави во јавност Крлеска за оваа афера, а на да молчи и се крие од охриѓани кои чекаат одговор! Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред“.

На почеток