Кина лансираше сателит за комуникација меѓу Земјата и Месечината
Од
Објавено на
Кина денеска лансираше релеен сателит кој ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.
Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол, пишува кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Сателитот Ксуекиао-2 полета од базата за лансирање на вселенски летала Венчанг во јужната кинеска провинција Хаинан и се одвои од ракетата по 24 минути.
Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.