Свет

Руските градови горат

ИДФ: Од почетокот на војната погодени се 11.000 „терористички цели“ во Појасот Газа

Прокиевските руски партизани објавија дека нивните неодамнешни операции во пограничните региони на Русија доведоа до големи жртви меѓу руската армија.

Според медиумите, паравоените групи на Легијата на слободата на Русија (ЛСР) и Рускиот волонтерски корпус (РДК) продолжиле со операциите во регионите Белгород и Курск. Според тие групи, тие се одговорни за повеќе од 1.400 руски воени жртви откако го почнаа упадот пред една недела, наведува „Њузвик“.

Порталот известува и за тврдењата на бунтовничките групи дека му нанеле удар на имиџот на Путин, откако тој за време на неговиот победнички говор се пофали дека неговата војска е напред во војната во Украина.

„Иницијативата целосно им припаѓа на руските вооружени сили. Во некои области, нашите момци само го косат непријателот“, рече Путин, без да се осврне на нападите во пограничните региони.

И покрај изјавите на рускиот претседател за неговата воена моќ, неговите сили се мачеа да ги задржат нападите во руските погранични региони Белгород и Курск.

На почеток