Македонија

Ванковска за Османи оти не ја викна на ифтар: Нека им е на здравје, не припаѓам јас во тоа друштво

Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател.

Мојот одговор, пред малку даден и за Слободен печат, е следниот:

Прво, Османи очигледно прави свои „црни листи“ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам…

Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).

Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина, и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене.

Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво.

На почеток