Уште две базни станици за лични документи во функција во Беко; Тошковски: Не е јасно зошто не биле користени до сега
Од
Објавено на
Од вчера, 20.03.2024г. во пунктот БЕКО ставени се во функција две дополнителни базни станици за фотографирање за лични документи и уште една која во наредниот период ќе се користи за одобрување на барањата.
“Останува нејасно зошто овие базни станици, иако биле функционални, сепак не се користеле од страна на службите во изминатиот период”, вели министерот Панче Тошковски.