Македонија

Јакимовски и Таравари немаат целосна документација, потврдено за кого ќе може да се гласа на претседателските избори

Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари не доставиле целосна документација при кандидирањето за претседтел, констатираше Државната изборна комисија која ги официјализираше кандидатите. На ливчето за гласање ќе се најдат седум имиња. Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари, Бујар Османи, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Максим Димитриевски влегуваат во трката. Сепак, Јакимовски и Таравари мора да соберат документација за два дена и да ја достават, за да се биде регуларно.

„Констатирам дека списокот на овластени претставници на подносители на листите за кандидати за претседател на РМ, листите се потврдени едногласно. За кандидатот Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари, треба во рок од 48 часа да достават единствен даночен број и трансакциска сметка“, рече Александар Даштевски – претседател на ДИК.

Прв круг за претседателските избори ќе се одржи на 24 април.

На почеток