Земјотрес утрово во Грција
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Серија земјотреси во Турција: четири потреси во рок од еден час](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/Серија-земјотреси-во-Турција-четири-потреси-во-рок-од-еден.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф.
Земјотресот се случил во 7 часот и 20 минути по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини.
Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека во раните утрински часови се случил уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.
Нема информации за штети во овие земјотреси.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)