Свет

(Видео) Русите синоќа го извршија најголемиот напад врз украинскиот енергетски сектор

Новата година почна со бомби: Украина го гранатираше Доњецк, Русија – Одеса, Лавов, Николаев

Министерот за енергетика на Украина, Херман Галушченко изјави дека синоќа руските сили го извршиле најголемиот напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време.

Галушченко рече дека целта на Русија не е само да го оштети енергетскиот систем на Украина, туку повторно да се обиде, како и минатата година, да предизвика дефект во работењето на енергетскиот систем од големи размери, пренесува Униан.

„За жал, има влијанија и штети на производните капацитети, преносните и дистрибутивните системи во повеќе области. Покрај тоа, поради гранатирањето, еден од далноводите што ја снабдува нуклеарната централа Запорожжја е без струја“, напиша тој на Фејсбук.

Тој изјави дека во некои области има прекини на струја и дека инженерите веќе работат на враќање на струјата.

Руските сили синоќа изведоа масовни воздушни напади врз неколку области во Украина, а мета беа областите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Криви Рих, пренесоа украинските медиуми.

Регионалните власти објавија дека руските напади оштетиле енергетска инфраструктура.

На почеток