Македонија

Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа

Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа меѓу мопед и патничко возило

На 21.03.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

На почеток