Карапејовски во единицата, Стојчевски прв во двојката а Минчев последен, Бендевска носител во 5-та ИЕ


Политичкото Движење ЗНАМ-За наша Македонија, информира дека со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор се утврдени носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори.
Носител во единицата ќе биде Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.
Во двојката на прво место ќе биде магистер по кривично процесно право Даниел Стојчевски, директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ, Куманово , а како изненадување генералниот секретар Горан Минчев, на негово барање ќе биде на листата за пратеници во таа изборна единица,но на последното 20-то место.
Преку личен пример генералниот секретар, Минчев упатува порака дека од Движењето ЗНАМ – се разликуваат од другите и дека личните интереси и борбата за јавни функции не се става на прво место.
За носител на листата во ИЕ 3 се предлага докторот на историски науки Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ.
Четворката ќе ја предводи Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша, Струмица, а петката Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, поранешна Претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на ЗНАМ.
Во шестката боите на ЗНАМ ќе ги брани магистерот на правни науки, Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-Тетово.
