Македонија

Пендаровски го осуди терористичкиот напад во концертната сала во Москва

Претседателот Стево Пендаровски го осуди терористичкиот напад во концертната сала во Москва, каде загинаа над 60 лица.

„Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените“, вели Пендаровски.

Вооружени мажи синоќа отворија оган од автоматско оружје врз присутните на концертот во близина на Москва, при што загинаа најмалку 60, а беа повредени повеќе од 100 луѓе.

На почеток