Свет

Полска итно подигна борбени авиони

Рано утрово Русија го наруши полскиот воздушен простор со крстаречка ракета која беше лансирана кон цели во западна Украина, соопштија полските вооружени сили.

„Ве информираме дека на 24 март 2024 година во 04:23 часот воздушниот простор на Полска беше нарушен со една од крстаречките ракети лансирани синоќа од воената авијација на Руската Федерација со долг дострел. Цели на нападот беа градовите на запад од Украина“, се наведува во соопштението на полските вооружени сили на платформата Х.

Во соопштението се додава дека руската ракета влегла во полскиот воздушен простор во близина на градот Осердов (Љублинско војводство) и дека со воен радарски надзор било утврдено дека летала во полскиот воздушен простор 39 секунди.

„Започнати се сите неопходни процедури за да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор. Меѓу другото, активирана е полската и сојузничката воена авијација“, се наведува во соопштението X на полските вооружени сили.

На почеток