Македонија

Лео е борец и не се откажува, Златната Бубамара на ДНК во рацете на младиот Индов

Младиот Леонид Индов, кој е на лекување ја доби Златната Бубамара на групата ДНК.

Претходно, ДНК открија дека Лео ги добил и собраните средства.Со желба за побрзо оздравување и целосно закрепнување, „Бубамарата“ која дуото „ДНК“ ја продаде со цел да собере пари за негово лекување најпосле стигна во рацете на младиот Лео.

,,Лео конечно си ја доби Бубамарата од дуото DNK. Лео многу ве поздрави и ни кажа дека благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето му оди на подобро, и дека нема намера да се откаже”, пишува во објавата на Фејсбук.

Годинава, ДНК и Врчак освоија Златна Бубамара за „Хит на годината“, а исто како и лани, ја ставија статуетката на лицитација.

Леонид со полициски хеликоптер на МВР беше однесен на лекување во Виена, но излезе дека пари од ФОНДОТ за лекување не можат да се одвојат. Ова беше сигнал за мобилизација на граѓаните да се донираат средства за лекување на Лео кој има тешки повреди на рбетот добиени минатото лето во Грција.

Инаку Леонид со неговиот другар Матеј Крстески и освоија прво место на меѓународниот натпревар „НАСА спејс апс челинџ“. Тие го анализирале и проучувале движењето на Меѓународната вселенска станица.

На почеток