Државата крена раце, народот не: Дали ФЗО манипулира со случајот на Леонид Индов?
Одлуката на ФЗО во име на државата да одбие да плати за лекувањто на Леонид Индов во Виена, донесе нетрпение кај граѓаните, кои го осудија ваквиот чекор. Заменик-народниот правобранител, Јован Андновски, прашува: „Дали ФЗО манипулира со случајот на Леонид Индов?“
„Во мислењето на лекарскиот конзилиум е наведено: да се овозможи болничко лекување (не рехабилитација), лицето се упатува на лекување во странство.
“Во нашата установа, поради недостаток на искуство за третман на оваа состојба и недостаток на технички можности ова лекување не може да се овозможи”‼️
Како тоа ФЗО тврди дека лекувањето може да се спроведе во државата? Во која установа? Одговорите на овие прашања ФЗО ги должи не само на Леонид и неговото семејство, туку и на целокупната јавност“, вели Андоновски.
Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски-Космонаутко исто така излезе со став.
„Ако Леонид и претходни и наредни не исполнуваат услови во ФЗО, тогаш не е до нив. До условите е. Сменете ги и прилагодете ги во интерес на пациентите“, вели Јанкуловски.
И критичарот Божидар Божиновски со свој став.
„Помош од фондот не е така бомбастична глетка како прв испратен пациент со медицински хеликоптер. А денес Фондот за здравствено одби да му помогне на Леонид, со образложение дека може да се лекува и тука. Само се наметнува прашањето дали детето било искористено за партиски промоции и собирање поени кога било пуштено да се лекува во Австрија. Ако можел да се лекува тука, како што тврди Фондот, тогаш зошто воопшто целата таа претстава со хеликоптерот. Ако не може да се лекува тука, зошто Фондот не помага? Парите на овој или оној начин ќе се соберат. Останува само горчлив вкус дека се користат болни деца за промоција, дека се фрлаат пари за местени тендери, хонорарци, вработувања додека за оние кои им е најпотребно – нема“, напиша Божидар Божиновски.
„Леонид не е прв, а за жал ниту последен кого државата го остава на цедило кога животот му виси на конец. Само тогаш се следат и почитуваат процедури, се наоѓаат замерки и забелешки. Да беше сеа некое милионско тендерче, експресно ќе ја наредевте работата. Значи: народот може и да умира, ама ние да сме со полни џебови. Одличен слоган за во кампања“, стои во друга реакција.
Претходно, се огласи и семејството на Леонид.