Коментари

Семејството на Леонид згрозено од ФЗОМ: Го лечевте со дијазапам да спие, нѐ оставивте на милост и немилост, преиспитајте ја одлуката!

Семејството на Леонид Индов кој беше првиот пациент однесен со медицинскиот хеликоптер на лекување во Виена е згрозено од ставовите на ФЗОМ кои одбија да платат за третманот, со образложение, како што велат Индови, можел да се лекува во Македонија. Семејството прашува колку компетентни тие кои ја потпишале одлуката Леонид да не добие пари. Сега, во тек е собирањето на донации.

„Се прашувам зошто го однесовте во Виена кога можело да го однесете во државна болница таму како велите сте имале усови да го третирате и лечите… Да ве потсетам немате соодветни душеци, Леонид еден месец како го легнавте не го станавте, хигиената ви е на “завидно ниво”, “персоналот обучен за вакви пациенти”, психолог немавте да најдете цел месец да го посети Лео, психички го “утепавте”, му направивте такви рани од кои една ќе треба година да се залечи… Сакате уште да ве потсетам… Што се однедува за лекувањето во Виена.. ЛЕКУВАЊЕ.. ИМА ИЗВЕШТАЈ доколку не знаете да прочитате ќе ви понудам стручен превод…Сакам да знам колку се компетентни овие луѓе што ја потпишале одлуката, да ве прашам каде бевте три недели додека ѕвоневме во нашата Амбасада во Грција и Конзулатот? На милост и немилост нѐ оставивте сами на себе, со здравствено осигурување и патничко осигурување, ваш државјанин.. Дали три дека со затната трахистома (единствен извор на животот на Леонче, вие го лечевте со дијазапам да спие бидејќи сте мислеле дека е паника дур се гушел… Ало Министерство за здравство, Влада, дај преиспитајте ја целата ситуација што се случува. Кој може да ни помогне, медински, јавни личности, Ве молиме контактирајте“, велат од семејството.

За момчето се потребни 140.000 евра за лекувањето.

Телефонски броеви за донација:
Т-МОБИЛЕ 143-118
А1 143 500

(Видео) Државата одбила да му го плати третманот на Леонид, кој со фотографи и камери го пратија во Виена

На почеток