Коментари

Фондот за здравствено осигурување да даде отчет за сите одлуки од последните неколку години за што и кому се дадени пари за лекување во странство, бара Андоновски

Случајот со Леонид Индов кој не доби 140.000 евра за лекување во Виена, покрена низа други прашања во јавност – па сега се бара Фондот за здравствено осигурување да даде и други одговори. Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски, очекува отчет од ФЗОМ за тоа на кому и по колку пари му се дадени за лекување во странство.

„Би било добро во интерес на доброто владеење и транспарентноста, Фондот за здравствено осигурување да даде отчет за сите одлуки од последните неколку години за што и кому се дадени пари за лекување во странство. Секако, добро е да знаеме по кои критериуми се доделени средствата и каде се упатуваат лицата на лекување. Да ги охрабриме медиумите да се позанимаваат со овие прашања“, вели Андоновски.

Засега, Фондот не планира да ја ревидира одлуката со која го остави Индов без пари за лекување и рехабилитација. Граѓаните, секојдневно донираат, организираат настани, прават акции за собирање на средствата. Ова не е единствен случај и изминатите денови имаше лавина реакции

На почеток