Откако добија црвен картон, Владата разговарала за лекувњето на Леонид, министерот Демири ќе понуди решенија за да се платат трошоците
Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто така беа образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.
„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение“, истакнува Демири.
Ова доаѓа откако Владата беше критикувана од јавноста, а граѓаните собираа пари за лекувањето на Леонид. Се започна со одлуката на Фондот за здравствено осигурување да не го плати лекувањето на момчето во Виена. Претходно, Талат Џафери кажа дека не може Владата да менува закони и подзаконски акти за да се излезе во пресрет на поединечни случаи како што е случајот на Леонид.