Македонија

Никаква реакција од ФЗОМ за Леонид, но случајот донесе иницијатива за измена на старите закони кои се пречка за лекување на државна сметка

Заменик-народнот правобранител, Јован Андоновски очекува второстепената комисија при Фонодот за здравствено осигурување да ја преиспита и измени одлуката со која беше одлучено Леонид Индов да не добие средства за лекување во Виена.

„Немаме никаква реакција од Фондот за здравствено осигурување. Со иницијативата предвидуваме измена на законот и подзаконските акти, особено подзаконските акти на Фондот за здравствено осигурување кои се стари и антидатирани. Измените се за да се цени секој случај индивидуално, оти не може да се категоризираат предметите само според тоа дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено во случаи кога станува збор за живото-загрозувачка состојба на пациентите“, рече заменик-народнот правобранител, Јован Андоновски.

Тој посочува дека не станува збор само за случајот со Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино, туку дузина случаи каде Фондот не овозможува соодветен третман.

„Нивната состојба или останува иста или се влошува“, посочува Андоновски за случаите.

На почеток