Македонија

Таму каде државата е нефункционална, тука сме ние – граѓаните, објави Муцунски и апелира да се донира за Леонид

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави апел до граѓаните и ги повика да дадат свој придонес во лекувањето на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа во Виена, Австрија.

Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека Општина Аеродром, граѓаните, локалните институции, училиштата и детските градинки, во изминатиот период покажаа високо ниво на емпатија и солидарност, додавајќи дека и во наредниот период ќе се организираат настани од хуманитарен карактер за поддршка на Леонид.

„Таму каде државата е нефункционална, тука сме ние – општината и граѓаните! На моја иницијатива, во текот на следната недела ќе се организираат хуманитарни настани во училиштата и детските градинки, на кои дечињата и родителите ќе можат да дадат свој придонес и поддршка за лекувањето на Леонид. Апелирам до сите граѓани да ја дадат својата поддршка со повик на еден од телефонските броеви 143118 за Телеком и 143500 за А1, или пак банкарската жиро сметка – 210-7000006805-91.“, истакна Муцунски.

На почеток