Македонија

Се множат потписите, никој нема доволно: Османи, Димитриевски и Ванковска имаат најголем број поддржувачи

За три дена, до вчеравечер, од претендентите за претседателска кандидатура, најмногу потиси има собрано Бујар Османи од ДУИ. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ собрал 3091 потпис, а за Арбен Таравари се потпишале 1645 лица. За Мерсиха Смаиловсиќ од Бошњачката партија се потпишале 523 лица.

Послабо котираат Вело Марковски кој има 433 потиси, Ѓорѓи Манасков со 93 питиси, Зорица Цветковска со 74 потписи.

Најдолу на листата се Томе Николовски со нула потписи и Господин Поповски кого го поддржале 10 лица.

За кандидатура се потребни 10.000 потписи.

На почеток