Македонија

Ванковска собрала половина од потребните потписи, тврди Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека за три дена, успеале да ги соберат половина од потребните потписи за претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.

„Народе – за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела – тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба. Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа – потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза – потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден – од 8:00 до 20:00 часот)“, напиша Апасиев.

Се очекува Државната изборна комисија да ја објави состојбата со собрани потписи за кандидати, заклучно со вчерашниот ден.

На почеток