Во Германија и Швајцарија и со стар пасош: „Каква иронија. Единствено нашата гранична полиција (покрај Грција) не ги признава РМ пасошите“
Повеќе европски држави, дел од нив членки на Шенген-зоната, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, покажува праксата од изминатите неколку дена, вели доброупатен дипломатски извор за „360 степени“. Ова, новинарката Жанета Трајкоска го нарече „иронија“, бидејќи само македонската граничка полиција, покрај грчката, не дозволува користење на пасошите без „северна“.
„Единствено нашата гранична полиција (покрај Грција) не ги признава РМ пасошите. Значи единствено МВР постапило согласно одердбата за важност на РМ пасошите од Законот за патни исправи, додека МНР си калкулира и не постапува согалсно истата одредба, а министерот најмногу се противи на измената на Законот. Не треба да не чуди тоа што никој не понуди никаков аргумент зошто не треба да се пристапи кон измена на Законот за патни исправи, бидејќи таков рационален аргумент не постои.
Станува се поочигледно дека во овој момент доследната примена на одредбата од Законот е во спротивност со член 27 од Уставот (слобода на движење) и поради тоа истата треба соодветно да се измени. Ова сигурно не е причината поради која МНР не го применува Законот, инаку министерот досега ќе спомнеше нешто за човекови права и слободи“, напиша Трајковска.