Коментари

„Пудлица на Заев“, „македонска Кончита“, „лавчиња“ – жестока расправија меѓу Ковачки и Апасиев

Пратениците Димитар Апасиев од Левица и Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ јавно се скараа на социјалните мрежи. Се започна со објава на Апасиев во која тврди дека ВМРО-ДПМНЕ повлекло илјадници амандмани под притисок од амандмани поднесени од ДУИ. На ова возврати Ковачлки кој го нарече Апаиев „македонската Кончита“ (евровизискиот победник кој се облекува и претставува како жена).

„Вмроидите (Ковачки и Петрушевски) поднесоа илјадници амандмани на Законот за вработени во одбраната. И се сликаа, прописно. Рекоа дека додека не се донесе ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ, нема да го одблокираат тој за одбрана! ДУИ им врати со 10.000 амандмани, а Алијанса не им ја свика седницата на Комисија. ДПМНЕ рече “мјау” и ги повлече своите амандмани. Така заврши уште едно ку*чење на десните лавчиња“, напиша Апасиев.

На ова врати Ковачки.

„Македонската Кончита што беше дел од шарените „револуционери” и го донесе Заев на власт, за што професорот по право беше награден во неуставното СЈО директно под команда на госпоѓата што се продаде за тросед, двосед и фотеља, коментирал зошто сме ја повлекле блокадата на Законот за вработените во одбраната.
Пудлицата на однародените дезертери Заев и Ковачевски, што за случувањата од 2001 година слушал и гледал на ТВ, наместо да ги нападне ,,про-европјаните” ДУИ што го блокираа Законот за обештетување на семејствата на бранителите, повторно одработува за неговите стопани и прави политика од маката на семејствата.
ВМРО-ДПМНЕ покажа решеност да се реши ова горливо прашање кое никој не го покренуваше затоа што се плашеше да не им се налутат Ареберовци, Артанци и ним сличните. Апасиев што се клањаше на гробот на Енвер Хоџа, дојде ред да ме навредува и со својата лажна загриженост за бранителите од 2001 да ја покаже својата политичка шизофреност. Пепси генерација“, напиша пратеникот Ковачки.

To Top