Таче и Пајакот побарале апанажа, а по закон не им следува, видете со какви забегани личности си имаме работа, реагира Апасиев
Од
Објавено на
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, смета дека експремиерот Димитар Ковачевски и минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се забегани. Заклучокот го донесува бидејќи тие побарале апанажа, а смета дека не им следува.
„Таче и Пајакот побарале АПАНАЖА, иако поднесоа оставки и по закон не им следува (согласно последната одлука на Уставниот суд). Од ова можете да видите со каков забеган профил на личности си имаме работа. Пак да си ги гласате“, напиша Апасиев.
Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа.