Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се што ќе ветиме, исполнуваме

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ си играат надворешна политика и прифаќајќи ги бугарските услови ја блокираа евроинтеграцијата на Македонија

,,ВМРО-ДПМНЕ е партија која се што ќе вети и исполнува. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира.

Автопатот Миладиновци – Штип, автопатот Смоквица – Демир Капија се доказ за тоа.

Новите експресни патишта како Велес – Штип и Штип – Радовиш, но и експресниот пат Штип – Кочани кој беше испроектиран и почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за работата која следува по 8-ми мај.

СДС се неспособни две згради за факултети во кампусот на УКИМ кои ВМРО-ДПМНЕ им ги остави на ниво на карабини не можат 7 години да ги завршат.

7 години се на власт, 600.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија. Буквално секој трет граѓанин живее со 150 денари на ден.

Додека земјите од регионот имаат над 50% раст на БДП од 2017 до 2023, Македонија има само 20%.

Една странска инвестиција не донесоа, напротив се фалат со тие кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Најавија фабрика за електрични автомобили во Тетово, а компанијата со која така помпезно се фалеа банкротираше.

2 километри автопат кон Блаце не можат да изградат со години, автопатот Кичево – Охрид кој им го остави ВМРО-ДПМНЕ не е мрднат од позициите како што беше пред доаѓањето на СДС.

СДС не планира ништо да направи, ниту имаат капацитет за тоа, а тоа го видовме изминативе 7 години.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток