Свет

Загриженоста расте, сојузниците им го свртеа грбот?

Израелската армија ги засили нападите на југот на Газа

САД и Германија повикуваат на прекин на огнот, Канада ја прекинува испораката на оружје, а Европската унија исто така го зајакнува тонот: интензивните воени активности на Израел во Појасот Газа се повеќе ги загрижуваат и неговите лојални партнери.

Според информациите на Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, речиси 32.000 луѓе ги загубиле животите откако израелската армија ја започна својата голема воена операција. Исто така, според истиот извор, повеќе од 74.000 се повредени. Иако овие податоци не можат независно да се проверат, војната во Појасот Газа што беше започната по терористичките напади на Хамас врз цивили во Израел на 7 октомври, во кои, според израелските информации, загинаа околу 1.160 луѓе, а околу 250 беа киднапирани – сепак, со оглед на големиот број цивилни жртви и страдања во Појасот Газа, сомнежите за пропорционалноста на военото учество на Израел се зголемуваат. Дури и меѓу блиските сојузници.

Загриженоста кај партнерите владее пред се поради плановите на израелската влада да ја продолжи копнената офанзива во пренаселениот Рафах, со цел целосно уништување на Хамас. Голема е загриженоста и за хуманитарната катастрофа. Затоа повиците за прекин на огнот во Појасот Газа стануваат се погласни и поитни.

На почеток