Свет

Косово влегува а Србија излегува од Советот на Европа?

Утре, на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, ќе се дебатира за апликацијата за членство на Косово.

Предлогот ќе го образложи пратеничката и поранешна грчка министерка Дора Бакојани, која веќе препорачала Косово да стане членка на таа организација.

Србија е револтирана ид ваков можен исход а Александар Вучиќ најави излегување на Србија од Советот на Европа како можна реакција на неговата земја доколку Косово биде примено.

Брисел порача дека со оваа закана Белград блефира, но претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ тврди дека не е блеф, туку не се согласуваат со „лицемерието и шарадата“.

Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото.

На почеток