Скопје

Внимавајте, нови измамници: Со лажни легитимации собираат пари за деца за хендикеп

Измамници собираат пари од граѓани во име на хуманитарната организација „Свети Спас“. Одат по куќи низ Скопје, се легитимираат со испринтани легитимации, а на нив нема никаков оечат. Според информациите на организацијата, тие посочуваат дека бараат финансиска помош за хендикепирани деца за Велигден. Случајот е пријавен и во полиција.

„Направиле дури и лажни БЕЏОВИ, а имале и наши слики (најверојатно од фејсбук). Сите кои ќе дојдат во вашите домови и во наше име ќе бараат било каква помош се измамници кои го злоупотребуваат нашето име и лично мене.. Доколку дојдат кај вас, ве молам веднаш повикајте полиција. Ве замолуваме да споделите за да спречиме злоупотреба“, велат од хуманитарната организација „Свети Спас“.

Тие објавија и фотографија од тоа како излегдаат беџовите.

„Вака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група. Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала. Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации“, додаваат од организацијата.

На почеток