Мицкоски и Силјановска на средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа


Денес 27.03.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски остваријa работна средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Македонија.
На средбата се дискутираше за подготовката на изборните процеси, претседателски и парламентарни, како и запознавање на делегацијата на Ад-хок Комисијата на парламентарното собрание со моменталната политичка состојба во предизборниот процес во државата.
Исто така на средбата беше посочено дека на државата и се потребни целосни реформи, како и зајакнување на демократските вредности и перспективи на Македонија.
Од страна на претседателот Христијан Мицкоски беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите настани и состојби во предизборниот процес, како и спроведувањето на изборите од страна на сите засегнати институции во државата.
На средбата беше констатирана добрата соработка со предизборната мисија на Делегацијата, како и ставањето во функција на сите потребни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ за фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Македонија.
