Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Северна Македонија во ЕУ


„Не се точни тврдењата дека Европската Унија не ја сака Северна Македонија за членка на ЕУ”, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.
„Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и пристапи на ЕУ, затоа што Унијата не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Европската Унија. Ниту едно од овие тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија. Патот е практичен и многу лесно остварлив”, рече Гир, посочувајќи дека патот на Европската Унија е пат на просперитет, на зајакнување на демократските вредности и владеењето на правото и е пат на стабилност.
„Но, тоа е и пат на безбедност и навистина веруваме дека членството на Северна Македонија во Европската Унија ќе биде од корист за сите нас”, рече Гир.
