Свет

Дали Германија се плаши од Русија? Предупредуваат: „Опасностите достигнаа ново ниво“

Германскиот министер за внатрешни работи предупредува на новите напори на Москва да влијае на јавното мислење. Што е „хибридна војна“? Како да му се спротивставиме?

Заканата Русија да користи сајбер напади, пропаганда и други тактики за да влијае на јавното мислење во Германија е реална и расте, изјави министерката за внатрешни работи на Германија, Ненси Фезер. Опасностите достигнаа ново ниво“, изјави таа за весникот „Жидојче цајтунг“.

Нејзиното предупредување доаѓа додека Германија се подготвува за изборите за Европскиот парламент во јуни и изборите во три германски сојузни покраини во септември. Постои зголемена загриженост дека Москва ќе се обиде да добие поддршка за проруските партии, како што е екстремно десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD), пред гласањето.

Германија долго време е цел на операции на руско влијание. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, многу од овие операции беа насочени кон поткопување на поддршката за Украина.

„Сега се работи за покажување решителност и сила во справувањето со ова и разоткривање како функционира другата страна“, вели Ридигер фон Фрич, поранешен германски амбасадор во Москва и поранешен потпретседател на германската надворешна разузнавачка служба БНД.

На почеток