Свет

Започнаа апсењата во Русија

Русија го казни Гугл со 50,8 милиони долари: „Не ги отстранија лагите за конфликтот во Украина“

Петмина новинари кои работат за независни медиуми се уапсени синоќа и денеска во Русија, јави невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на репресијата во таа земја.

Во текот на ноќта полицијата ги приведе Екатерина Аникијевиќ од медиумот СОТА вижон и Константин Жаров од Рус њуз, соопшти таа организација.

Полицијата го претепа Жар и му се закануваше со сексуално насилство, изјави очевидец, пренесе организацијата.

„Ме клоцаа, ми ја ставија ногата на глава, ми ги вртеа прстите, ми се смееја кога се обидов да станам“, изјави Жаров, а пренесува неговиот медиум Рус њуз. Како што е соопштено, тој рекол дека има повреда на главата, гребаници, изместени прсти и исчашувања.

Тој рече дека насилството било предизвикано од снимањето во станот на другата новинарка Антонина Фаворска од СОТА вижон, која синоќа била приведена веднаш откако била пуштена по 10 дена притвор поради непослушност кон полицијата.
Синоќа е претресен станот на таа новинарка, но и нејзините родители, изјави нејзиниот адвокат Миахил Бирјуков, пренесе СОТА вижон.

Уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, кои дошле да ја земат својата колешка на излегување од затвор, исто така се приведени и однесени на распит, јави истиот извор.

Според интернет порталот Медиазона (Медиазона), кој е специјализиран за следење судски случаи, случајот на Фаворска е поврзан со активностите на опозициското движење на Алексеј Навални, кој почина во затвор во февруари. Руските власти ги класифицираа неговите организации како екстремистички.

Антонина Фаворска со години известуваше за судскиот процес против Алексеј Навални. Последното видео на кое се гледа како опозиционерот е се уште жив, таа го снимила на 15 февруари за време на неговото појавување во судот.

Таа беше уапсена на 17 март неколку часа откако положи цвеќе на гробот на опозиционер, пренесува Медиазона.

На почеток