Свет

Расте црниот биланс од нападот во Москва: Едно лице почина во болница

Почина уште еден ранет кој беше во тешка состојба по нападот пред една недела во Москва – изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 141, а состојбата на уште неколкумина е критична.

Министерот рече дека починатиот пациент имал тешки прострелни рани – пренесе ТАСС.

На почеток