(Видео) Несреќа кај Соборен храм: три лица во болница

Од
Објавено на

Несреќа се случи на булеварот Партизански одреди во Скопје, каде се судрија две возила со скопски и гостиварски регистрации.
Според првичните информации, три лица побарале медицинска интервенција поради повреди. Тие се префрлени во болницата св “Наум Охридски”.
Има и голема материјална штета. Возилото “Фолксваген голф” е целосно уништен во задниот дел.
Полицијата изврши увид.
