Свет

Жесток ракетен напад врз Лавов: Има мртви, делови од Одеса без струја

Во рускиот ракетен напад утринава врз регионот Лавов на западот на Украина, едно лице загина, а уништен е еден инфраструктурен објект, притоа се стравува дека под урнатините може да има луѓе, изјави шефот на регионалната управа на Лавовскиот регион Максим Козицки.

Тој изјави дека истиот објект од критична инфраструктура бил цел на напади на 24 и 29 март. По нападот со руско беспилотно летало, избувна пожар во енергетски објект во Одеса, кој беше изгаснат, а 10.000 потрошувачи во Одеса останаа без струја, изјави шефот на регионалната администрација Олег Кипер.

Кипер изјави дека украинската воздушна одбрана успеала да уништи осум руски беспилотни летала, но дека делови од соборениот дрон предизвикале пожар во еден од енергетските капацитети.

Претходно украинските медиуми објавија дека електричниот јавен превоз во Одеса исто така престанал да работи поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Јужната оперативна команда на украинската армија соопшти дека интензивните борбени операции на украинските воздухопловни сили траеле околу два часа.

На почеток