Свет

Војската се повлекла – газеле со тенкови над лешовите и запалиле сè зад нив

Израелската армија ги засили нападите на југот на Газа

Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, објави дека израелската армија ги повлече тенковите и возилата од болницата Ал Шифа.

Ал Шифа е најголемата болница на опколената палестинска територија, каде пред две недели започна воената операција на ИД.

Новинар на АФП и очевидци на местото на настанот виделе тенкови и воени возила како го напуштаат болничкиот комплекс.
„Десетици трупови, некои од нив во фаза на распаѓање, се пронајдени во и околу болницата“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на палестинското движење Хамас.

Израелската армија „се повлече од медицинскиот комплекс Ал Шифа откако ги запали зградите и ги стави целосно надвор од акција“, соопшти Министерството, додавајќи дека и зградите околу него се оштетени.

Лекар за Франс прес изјави дека се пронајдени повеќе од 20 тела, како и дека некои биле прегазени од воени возила за време на повлекувањето.

Израелската армија, која ги обвинува борците на Хамас дека се кријат во болниците, започна, како што ја опиша како „прецизна операција“ на 18 март против Ал-Шифа, лоцирана во градот Газа на северот на палестинската територија.

Армијата соопшти дека оттогаш „елиминирала околу 200 терористи“. Операцијата започна кога стотици раселени лица најдоа засолниште во болницата.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус (Гребејесус) вчера изјави дека 21 пациент во таа болница починале од почетокот на израелската операција.

Според него, во болница останале 107 пациенти, меѓу кои четири деца, а 28 лица се во критична состојба.

На почеток