Свет

Ердоган изгуби на локалните избори

Ердоган: Нетанјаху не се разликува од Хитлер, а израелските напади се како нацистичко прогонство на Евреите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рано утринава изјави дека неговата владејачка партија не го постигнала посакуваниот резултат на вчерашните локални избори.

Турците на тој начин го казнија Ердоган и неговата партија на локалните избори ширум земјата, рушејќи ги надежите на претседателот за враќање на општините во Истанбул и Анкара кои опозицијата ги освои во 2019 година, објави Новости.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Анкара, Ердоган рече дека изборите не се крај, туку пресвртница за неговиот сојуз, додавајќи дека изборниот циклус, кој датира од мај минатата година и ја исцрпи турската економија, сега е завршен.

Актуелните опозициски градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа на локалните избори во неделата, што значи дека партијата на турскиот претседател загуби во двата најголеми града во земјата.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на најголемата турска опозициска партија ЦХП, рече дека води со повеќе од еден милион гласови по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.

Градоначалникот на Анкара Мансур Јавас, исто така од партијата ЦХП, прогласи победа во тој град.

„Изборите завршија, ние продолжуваме да им служиме на Анкара и нејзините шест милиони жители без дискриминација“, вети тој.

На почеток