Свет

Хорор во Франција: Пронајдени посмртните останки на момчето кое исчезна во јули

Во Франција пронајдени телата на жена и нејзините четири деца, потрагата по таткото е во тек

Остатоците на двегодишното француско момче Емил Солеј, кое исчезна на 8 јули минатата година, се пронајдени на околу километар од село во француските Алпи.

Неговите останки биле пронајдени во близина на местото каде што последен пат бил виден.

Во саботата, откако ги пронашла посмртните останки на момчето, полицијата започнала нова потрага во тој реон, пишува Фигаро.

Адвокатот на родителите на момчето изјавил дека инспекторите продолжуваат со работа за да ги откријат причините за исчезнувањето и смртта на момчето.

Обвинителот Жан-Лук Блашон изјави дека полицијата во саботата била известена дека случаен минувач ги пронашол останките во близина на селото Верн и дека генетското тестирање утврдило дека станува збор за останки на исчезнато момче.

Причината за смртта на момчето не е позната.

Полицијата покрена истрага за можно киднапирање, но причината за смртта се смета за несреќен случај, пишува Гардијан.

Солеј исчезнал минатата година кога престојувал кај родителите на мајка му во селото Вернет, а по неговото исчезнување била започната голема потрага во која со хеликоптери и дронови учествувала полицијата и војската, но момчето тогаш не било пронајдено.

На почеток