„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Стапи во сила законот за легализација на канабисот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Во Германија денеска стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето и домашното одгледување канабис.

— реклама —

Од денеска, на возрасните во Германија им е дозволено да носат до 25 грама сушен канабис и да одгледуваат до три растенија марихуана дома.

Конзумирањето на канабис од страна на лица помлади од 18 години е сè уште нелегално. Новиот закон, кој беше усвоен на 23 февруари, уследи по жестоката дебата за добрите и лошите страни на олеснување на пристапот до канабисот.

— реклама —

Според Законот за канабис, дозволено е приватно одгледување до три растенија канабис за лична потрошувачка, како и заедничко, некомерцијално одгледување за лична потрошувачка во „клубови за канабис“.

Како што се наведува во текстот на законот објавен на веб-страницата на германското Министерство за здравство, законот истовремено ја зајакнува здравствената заштита, заштитата на децата и младите, како и превенцијата и образованието.

Законот за канабис не е покана за консумирање, но на овој начин ги штитиме оние кои се корисници од високи концентрации и го потиснуваме црниот пазар, обезбедувајќи нашите деца и млади да научат дека канабисот е отров за мозокот, се наведува во законот. Консумацијата на канабис е забранета во непосредно присуство на малолетници, на 100 метри од училишта, детски игралишта, детски и младински објекти и јавни спортски објекти, како и во пешачки зони од 7 до 20 часот.

„Клубовите за канабис“ можат да дистрибуираат канабис на членовите само во ограничени количини и со обврска да проверат колку се стари. Истовремено, дистрибуцијата на канабис и други наркотици на деца и млади ќе биде предмет на повисоки казни од досегашните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Германија се откажува од приемот на Авганистанците што чекаат во Пакистан, можно е до крајот на годинава да бидат вратени на талибанскиот режим

Свет | пред 1 седмица

brod1

Патнички брод со 137 лица удри во мост во Баварија

Свет | пред 1 седмица

media-librarym2tninoqt3u13earXuf

Германија размислува за враќање на руската енергија: „Ни требаат достапни цени.“

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2024-09-29-at-09.31.09

Берлинска полиција уапси сириски државјанин осомничен за подготовка на терористички напад

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања